Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Е.Р.(36) од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
На 12.03.2026, при расправија во патничко возило, пријавената физички го нападнала нејзиниот невенчан сопруг, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.