Вчера во 05:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје „Мајка Тереза“, кај клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(36) од село Петровец, скопско и товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Ј.(46) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.