Триесет и шестгодишен жител на скопско пријавил во полиција дека бил физички нападнат, а потоа и грабнат и однесен на друга локација.
Според информациите од МВР, Д.Е. пријавил дека околу 14 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со возило „мерцедес“, бил пресретнат од три патнички возила.
Како што навел во пријавата, едно од лицата, Р.Б., физички го нападнало и му нанело тешки телесни повреди. Потоа, според неговото тврдење, бил внесен во едно од возилата и однесен најпрво на автоплац во Карпош, а потоа бил оставен во селото Шишево.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.