Утре сончево време со мала локална облачност, температура до 28 степени


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во среда кога се очекуваат нови врнежи од дожд. За време на викендот ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во пораст, јавува УХМР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK