Трамп: САД ја добија војната, помошта од Европа е неважна


depositphotos_785548124_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја добија војната во Иран и дека за тоа не им е потребна помошта од Европа.


Тој го кажа ова за италијанскиот „Омнибус La7“, кога беше прашан што би им рекол на лидерите на групата Г7, вклучувајќи ги Италија и Франција, во врска со недостатокот на поддршка во управувањето со кризата со Техеран.

„Ја добивме војната во Иран, не ни беше потребна помошта од Европа. Нивната помош беше неважна“, рече Трамп.

Во четвртокот, Трамп изјави дека очекува договорот со Иран да биде потпишан во наредните денови, дека „документите се блиску до нивната конечна форма“ и дека церемонијата може да се одржи „некаде во Европа“ и дека на неа ќе присуствува потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK