(Видео) Жесток вербале судир во германскиот парламент: „Се смеете на судбината на милиони луѓе во Украина, а потоа патувате во Москва на приеми со шампањ“


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во германскиот парламент избувна жесток вербален судир меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и членовите на десничарската Алтернатива за Германија (АфД).


За време на говорот во кој се осврна на руската агресија, Мерц истакна дека „Украина се брани и се бори за својата слобода повеќе од четири години“. Членовите на АфД во салата гласно се насмеаја на изјавата, што предизвика остра и непосредна реакција од германскиот канцелар од говорницата.

„Тоа е јасен знак, дами и господа. Се смеете на ова, се смеете на судбината на милиони луѓе во Украина, а потоа патувате во Москва на приеми со шампањ“, им рече видливо вознемирениот Мерц, директно критикувајќи ја десничарската опозиција за нивните блиски и чести врски со режимот на Владимир Путин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK