Д-р Жан Митрев доби признание како еден од најцитираните истражувачи во областа на медицинските науки според АРБУ


zan_mitrev_003
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Д-р Жан Митрев е еден од десетте најцитирани истражувачи во областа на медицинските науки. Ова признание доаѓа од истражувањето спроведено во рамки на проектот АРБУ – Академско рангирање на балканските универзитети, а за истото му е доделен и сертификат.

На денешната манифестација на доделувањето на сертификатите присутни беа проф. д-р Милка Клинчева и д-р Емил Стоицовски, кој во име на д-р Митрев го прими признанието, односно сертификатот.


Според објавената листа на АРБУ за професори и истражувачи во категоријата Medical Sciences, д-р Жан Митрев е рангиран на 8. место во Македонија, во конкуренција на 100 истражувачи рангирани според академскиот придонес.

Покрај ова признание, д-р Митрев припаѓа и во групата од 25 најцитирани истражувачи во Македонија, што претставува значајна потврда за неговиот научно-истражувачки придонес, видливоста на неговата работа и влијанието што го има во медицинската наука.

АРБУ е проект наменет за академската заедница, истражувачите и студентите, со цел да обезбеди релевантни информации и индикатори за академските перформанси на универзитетите и истражувачите во регионот. Платформата опфаќа податоци за земји од Балканот, меѓу кои Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Албанија, и претставува дополнителен извор на информации за институции кои не се опфатени со највлијателните светски рангирања како QS, Times Higher Education и Shanghai Ranking.

Ова признание е уште една потврда за континуираната посветеност на д-р Жан Митрев кон развојот на медицината, научно-истражувачката дејност и унапредувањето на здравствените практики преку знаење, искуство и меѓународно препознатлив придонес.

Вклучувањето меѓу најцитираните истражувачи претставува важен поттик за понатамошно вложување во науката, истражувањето и публикувањето, како и за промоција на македонските истражувачи во регионален и меѓународен академски контекст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK