Нетанјаху: Ќе продолжиме силно да дејствуваме против Иран и неговите сојузници


depositphotos_287422858_s.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека израелската армија ќе продолжи силно да дејствува против Иран и неговите сојузници.


Изјавата доаѓа во екот на вербалниот судир со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган оцени дека израелските напади врз Сирија и Либан достигнале ниво на кое претставуваат закана и за Турција. Тој додаде дека израелската агресија претставува поширока закана за регионот.

Турција, која е членка на НАТО, е меѓу најгласните критичари на израелските воени операции на Блискиот Исток.

„Нападите на Нетанјаху и неговата мрежа на убијци врз Либан и Сирија ја доведоа ситуацијата до точка во која е загрозена и Турција“, изјави денеска Ердоган во турскиот парламент.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK