Уапсен маж од Косово: превезувал брендирана стока без документација


policija-nasha1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 19:15 часот на патот Граничен премин Блаце – Скопје, кај тунелот „Блаце“, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ го лишија од слобода 42-годишниот Р.Ш. од Косово.


При преглед во товарно возило „фолксваген транспортер со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина на брендирана и друга разновидна стока за која не поседувал никаква документација.

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 278 и 278а од Кривичниот законик, тој е задржан во полициска станица, а пронајдената стока е одземена. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK