Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, направи промена во листата за Мундијалот, поради повредата на Весли, тој го повика играчот од средниот ред на Аталанта, Едерсон.
На последниот тест пред почетокот на Светското првенство, Бразил го победи Египет со 2:1, но Карло Анчелоти, но тој натпревар му донесе само грижи на Анчелоти.
Десниот бек на Бразил, Весли, беше заменет во 17-та минута од натпреварот поради повреда на глуждот. Повредата е таква што бара мирување од три недели, што значи дека десениот бек нема да игра на СП.
Поради тоа Анчелоти изненади со одлуката да го повика Едерсон, иако сега остана со само еден десен бек, ветеранот Данило.
За Едферсон ова е лето од сништата, неодамна го договори трансферот во Манчестер Јунајтед, а сега и доби покана за настап на Мундијалот.
Бразил ќе игра со Мароко на 14 јуни на полноќ. Потоа на 20 јуни (2:30 часот) против Хаити и на 25 јуни на полноќ против Шкотска.
Foto/ Depositphotos