Чалханоглу пред трансфер во Фенербахче


depositphotos_660532274_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турските медиуми објавија дека турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу би можел да стане ново засилување на Фенербахче, во случај претседателскиот кандидат Хакан Сафи да победи на претстојните клупски избори.


Според извештаите од Турција, Сафи наводно постигнал принципиелен договор со играчот од средниот ред на Интер, но реализацијата на трансферот ќе зависи од исходот на изборите, како и од евентуалниот договор со италијанскиот клуб.

Се вели дека трансферот би можел да биде официјализиран кратко време по изборите доколку Сафи го преземе управувањето со клубот.

Дополнително внимание на јавноста предизвика објава од сметката на Сафи на социјалната мрежа „X“, каде што беше споделена песната „Made in Romania“, која Чалханоглу ја пушташе за време на прославата на шампионската титула на Интер.

Минатата сезона, Чалханоглу одигра 30 официјални натпревари во дресот на миланскиот клуб и забележа учинок од 12 гола и седум асистенции.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK