(Видео) Јакимовски: Лукровски требаше да се јави на работа на 30 мај, Инспекторатот да му го провери боледувањето


jakimovski.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимвски денес се прошета пред Општината и сними видео за социјалните мрежи во кое направи пресметка за боледувањето на актуелниот градоначалник Сотир Лукровски. Тој го повика Државниот инспекторат за труд да го провери боледувањето.


„Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски по користење на лажното боледување имаше обврска да се јави на работа на 30ти Мај. До денес тој не е појавен на своето работно место. Законот за работни односи член 82 е јасен и вели ’ако работникот отсуствува од работа три последователни дена и не го оправда своето отсуството му следува отказ без отказен рок’. Сотир Лукровски може да отсуствува од работа доколку е на службен пат, годишен одмор или доколку е на боледување. Тој ниту е на службен пат, не е на годишен одмор ниту пак докторите повеќе сакаат да му дадат боледување. Значи со никаков документ не го оправдал своето отсуство од работа“ рече поранешниот градоначалник Јакимовски

Тој направи забелешка дека Законот за работни односи, член 82, важи за 500.000 вработени во оваа држава, но не се применува за Лукровски.

„За Сотир Лукровски не важи овој туку законот на премиерот Мицковски кој вели дека градоначалникот на Карпош после боледувањето требал да се одмори од лежење. Бараме државниот инспекторат за труд да дојде и да констатира победа на граѓаните на општина карпош врз безаконието на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, вели Јакомивски.

Ваквото однесување Јакимовски смета дека потценување за сите граани и „флангрантна навреда на интелегенцијата и достоинството на карпошани од нивниот сограѓанин – Мицкоски“.

На почетокот на минатиот месец актуелниот градоначалник на Карпош Лукровски замина на оледување и го назначи за свој заменик советникот Неделчо Крстевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK