Полициски службеници од СВР Велес вчера го привеле 49-годишниот Р.М. од Велес, по инцидент во здравствена установа во градот.
Како што информира МВР, тој во установата го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и не постапувал по наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија на лице место.
При преземените мерки било утврдено дека е под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,59 промили во крвта.
Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.