Баерн Минхен направи голем чекор кон потпишувањето на ѕвездата на Ајнтрахт Франкфурт, Натаниел Браун. Баварците постигнале вербален договор со дефанзивецот. Германскиот репрезентативец стана приоритет за Баерн, кој под водство на тренерот Винсент Компани составува тим за следната сезона, пишува „Goal.com“.
Тренерот на Баерн, Компани, лично инсистира на трансферот на 22-годишниот лев бек, кој зад себе има извонредна сезона.
Баварците реагираа брзо за да го обезбедат неговиот договор за преселба на „Алијанц Арена“. Браун, кој моментално е со германската репрезентација во Чикаго, каде се подготвува за Светското првенство и пријателскиот натпревар против САД, наводно се согласил на долгорочен договор до 2031 година.
Во Минхен го гледаат како модерен и разновиден играч кој може да игра на позициите лев и десен бек, но и како лево крило.
Иако Браун се согласил да се пресели во Минхен, договорот меѓу клубовите сè уште не е постигнат. Спортскиот директор на Ајнтрахт, Маркус Кроше, бара обештетување од околу 60 милиони евра за својот талентиран дефанзивец. Цената би можела да претставува пречка и да доведе до застој во преговорите доколку Баерн не е подготвен да ги исполни барањата.
Недостатокот на формален договор меѓу Баерн и Франкфурт ги зголемува надежите кај другите европски гиганти. Арсенал, Манчестер Сити и Реал Мадрид претходно покажаа интерес за Браун.
Ситуацијата во Минхен е дополнително комплицирана од фактот дека, Баерн прво мора да продаде некои играчи пред да се впушти во толку голема финансиска операција.
Спортскиот директор Макс Еберл би морал да најде купувач за Хироки Ито или Алфонсо Дејвис за да ослободи средства за трансфер.
Без реализиција на еден од овие трансфери, Баерн нема да може да го реализира трансферот.
Браун пристигна во Ајнтрахт од Нирнберг во јануари 2024 година за само три милиони евра, што значи дека неговата продажба би им донела извонреден профит.
22-годишникот има одлична сезона зад себе, со четири гола и шест асистенции во 42 настапи за тимот од Франкфурт.
Foto/ Depositphotos