Кога уметноста станува мост кон добрината, се раѓаат моменти што не избледуваат – моменти што оставаат трага во срцата.
Проектот „Театар на хуманоста“ уште еднаш покажа дека културата не е само забава, туку сила што може да менува животи.
Собраната донација од претставите беше предадена на Банка за храна, која обезбеди прехранбени производи за Порака Неготино. Таму, помошта стигна до луѓето што со трепет ја очекуваа – до оние за кои секој гест е искра што го разгорува пламенот на надежта.
Компанијата Mozzart повторно докажа дека е секогаш тука кога е најпотребно. „Нашата мисија е јасна – да ја поддржиме заедницата, да го поттикнеме духот на добрина и да донесеме светлина таму каде што најмногу недостига”, истакна Ивана Стефановска Крстевска.
Од Порака Неготино упатија голема благодарност за донацијата, нагласувајќи дека секој чин на солидарност е повеќе од помош – тоа е охрабрување, тоа е љубов, тоа е надеж.
А „Театарот на хуманоста“ не запира – следуваат нови претстави, нови насмевки и нови дела на добрина. Зашто кога културата и хуманоста се спојат, светот станува место исполнето со светлина, љубов и вера во подобро утре.
ПР