Песков: Путин му порача на Зеленски може да дојде ако сака да разговара


14028578.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ го видел отвореното писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски до рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека Зеленски може да дојде во Москва во секое време ако сака да се сретне со Путин.


„Имав можност да го прочитам писмото. Претседателот Путин рече дека ако Зеленски сака да разговара, може да дојде во Москва и да го стори тоа“, рече Песков, пренесува ТАСС.

Сепак, во отворено писмо до рускиот лидер Владимир Путин во четврток, Зеленски изјави дека не е подготвен да патува во Русија на преговори.

„Предлагам средба со вас. Сите ги слушнаа вашите претставници како се смеат и велат дека можам да дојдам во Москва. Но, украинскиот лидер нема што да прави во вашиот главен град, исто како што рускиот лидер нема што да прави во Киев“, напиша шефот на Украина во порака на својата веб-страница, додавајќи дека е подготвен да одржи состанок во трета земја, пренесува „Известија“.

Во својата порака, Зеленски предложи рускиот претседател да одреди јасен датум за состанокот, истакнувајќи дека земји како Швајцарија, Турција и арапскиот свет би можеле да послужат како места за состанок.

Синоќа, претседателот на Украина испрати отворено писмо до Путин, во кое вели дека Украина е подготвена за прекин на војната и за директни преговори на ниво на лидери.

Во писмо објавено на веб-страницата на претседателот на Украина, Зеленски наведува дека Украина е подготвена за „целосен прекин на огнот за време на преговорите“ и повикува на организирање состанок на лидерите, со учество на меѓународни медијатори, пренесува Танјуг.

Фото: ЕПА

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK