„Патувачкото кино“ во Центар вечерва со нови проекции под отворено небо


whatsapp-image-2026-06-02-at-20.56.27-4.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Патувачкото кино“ вчера започна во Општина Центар.


Паркот во Капиштец и просторот кај ООУ „Кочо Рацин“ вчера беа исполнети со деца и семејства кои уживаа во проекцијата на македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“.

„Навистина ми е драго кога гледам дека нашите паркови стануваат места каде децата се дружат, се смеат и создаваат убави спомени, а воедно преку филмот учат за добро однесување и вистинските вредности. Успеавме на најмладите да им понудиме нова, квалитетна содржина што ќе ги поттикне да излезат од дома и да поминуваат време со другарите“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

„Патувачкото кино“ продолжува и во наредните денови низ центарските маала.

Вечерва проекциите ќе се одржат на две локации: во 20:00 часот на игралиштето на ООУ „Ј. Х. Песталоци“, а во 21:00 часот на „Плочник“ во Градски ѕид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK