Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, велат од „Вреди“ по неговата оставка


Arben-Fetai.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод оставката на Арбен Фетаи од функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, од „Вреди“, како што велат, изразуваат благодарност за неговиот досегашен ангажман, коректност и придонес.


„Во извршувањето на оваа одговорна функција, Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, отчетност и институционална одговорност.

Ја почитуваме неговата одлука и истовремено му се заблагодаруваме за соработката и придонесот што го даде во овој период.

На г. Фетаи му посакуваме добро здравје, успех и сѐ најдобро во иднина“, велат од оваа партија по оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи.

Тој денеска на социјалните мрежи објави дека поднел оставка од функцијата и истата ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK