МФ: Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, јавниот долг останува стабилен и одржлив


2014-08-29-nova-zgrada-min-za-finansii_13.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, со изгледи до 2031 година. Со Стратегијата се потврдува определбата за одговорно и внимателно управување со јавните финансии, одржување стабилно ниво на јавниот долг и обезбедување средства за реализација на развојните проекти.


Стратегијата предвидува постепено стабилизирање и намалување на јавниот долг, кој според проекциите во 2031 година ќе се намали на 56,1% од БДП и ќе остане под утврдениот праг од 60% од БДП.

Документот ги утврдува насоките за финансирање на буџетските потреби, отплата на претходно преземени обврски и реализација на капитални инвестиции, при што фокусот останува на зачувување на фискалната стабилност и одржливоста на јавните финансии.

Во следниот период дел од средствата ќе бидат наменети за реализација на тековните инвестиции и инфраструктурни проекти, а дел за сервисирање и рефинансирање на претходно преземени долгови што достасуваат за отплата. Во Стратегијата е наведено дека за отплата достасуваат 500 милиони евра во 2027 година, 700 милиони евра во 2028 година и 500 милиони евра во 2030 година по основ на претходно издадени еврообврзници, извести Министерството за финансии.

Среднорочната политика за управување со јавниот долг има за цел обезбедување финансиски средства по најповолни услови, со внимателно управување со ризиците и натамошен развој на домашниот финансиски пазар.

Со усвојувањето на Стратегијата, Министерството за финансии продолжува со политика на прудентно и одговорно управување со јавниот долг, насочена кон стабилни јавни финансии, поддршка на економскиот раст и сигурно финансирање на буџетските потреби.

Имено, согласно последните објавени податоци за нивото на долгот, заклучно со 30 април 2026 година, државниот долг изнесува 51,5% од БДП и бележи намалување од 0,4 п.п. во споредба со состојбата на крајот на март 2026 година. Намалување е регистрирано и во апсолутен износ, односно од 9,473 милијарди евра колку што изнесувал на 31 март, е намален на 9,398 милијарди евра. Јавниот долг согласно последниот објавен податок на крајот на март изнесува 58,9% од БДП, соопшти Министерството за финансии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK