Гаши – Хаџиев: Континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК


3-12.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со генералниот секретар на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), Асаф Хаџиев.


На средбата беше потврдена добрата и континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК, при што соговорниците разменија мислења за актуелните регионални и меѓународни предизвици, како и за улогата на парламентарната дипломатија во унапредувањето на дијалогот, довербата и регионалната соработка.

Гаши ја истакна посветеноста на Собранието кон активното учество во работата на ПАБСЕК и ја нагласи важноста на организацијата како значајна платформа за парламентарна соработка и поврзување на регионот со европските политички и економски процеси.

Хаџиев изрази задоволство од можноста за оваа средба и ја поздрави активната улога на Собранието на Република Северна Македонија во рамките на ПАБСЕК. Тој нагласи дека соработката меѓу ПАБСЕК и Делегацијата на Собранието во ПАБСЕК е на високо ниво, оценувајќи ја како динамична, конструктивна и значајна за натамошното унапредување на работата на организацијата.

На средбата присуствуваше и генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Марина Димовска, која им посака добредојде на генералниот секретар на ПАБСЕК и изрази задоволство од реализацијата на средбата. Таа информираше за тековните активности на Собранието, нагласувајќи ја важноста на ПАБСЕК како значајна платформа за парламентарна соработка, размена на искуства и унапредување на регионалниот дијалог.

Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката и зајакнување на парламентарниот дијалог во рамките на ПАБСЕК. Воедно, беше изразено уверување дека добрите партнерски односи ќе продолжат да се развиваат во духот на меѓусебна доверба, разбирање и заеднички интерес

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK