Електричните плочи за готвење навистина изгледаат беспрекорно кога се чисти, но секојдневната употреба брзо им го одзема сјајот.
Од прскања од масло до зовриена вода, плочите за готвење лесно можат да станат магнет за маснотии и нечистотија. Освен што го расипуваат естетскиот впечаток, наслагите од нечистотија можат да ја намалат ефикасноста на уредот, а во поголеми количини претставуваат потенцијална опасност од пожар.
„Затоа е клучно електричните плочи да се чистат со соодветни средства, бидејќи се чувствителни и подложни на оштетување. Абразивните сунѓери, агресивните прашоци или несоодветните алатки лесно можат да ги изгребат. Токму затоа открив метод што ефикасно ги отстранува дамките и ја враќа површината во нејзиниот оригинален сјај“, вели Софи Харис за Express.co.uk.
„Почнувам со основно чистење користејќи топла вода и мала количина течност за миење садови за да ја разградам маснотијата. Го оставам растворот да делува кратко време, а потоа нежно, со кружни движења, ја бришам површината за да ги отстранам нечистотиите без да ги оштетам. За тврдокорни, запечени дамки, користам специјализирано средство за чистење на плочата за готвење или стругалка, кое ефикасно ги отстранува остатоците, а воедно ја зачувува површината. За конечен, речиси луксузен ефект, постои едноставен трик кој прави голема разлика. Кога плочата е целосно сува, нанесувам мала количина бебешко масло на мека крпа и лесно ја бришам површината. Овој чекор го враќа сјајот и ги отстранува дамките“, вели Софи.
Резултатот е површина која изгледа полирана и софистицирана, со дополнителна придобивка од одбивање на отпечатоци од прсти за впечаток на беспрекорна чистота.
За да се постигне посакуваниот ефект, потребна е само минимална количина бебешко масло. Важно е да не се претерува, бидејќи вишокот масло може да ја направи плочата лизгава и небезбедна за употреба.
Ако имате индукциска плоча за готвење, доволно е да користите стандардно средство за чистење кујнски површини за да отстраните маснотии и дамки.
фото/Depositphotos