Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила во Гевгелија.
Според информациите на МВР, вчера во 22:45 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на булевар „Гевгелија” мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управувам од 16 годишен малолетник од Гевгелија удрил во пешакот В.С.(57) од Гевгелија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешакот и 17 годишен сопатник на моторот од село Моин, гевгелиско. Повредите се констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.