Уште еден патник од крузерот е позитивен на хантавирус


depositphotos_50932105_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бројот на случаи заразени со хантавирус поврзани со крузерот каде што започна епидемијата се искачи на 13, изјави денес шефот на Светската здравствена организација (СЗО).


„Шпанија пријави нов случај на инфекција кај патниците во карантин, со што вкупниот број на случаи се зголеми на 13“, напиша шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во објава на социјалните мрежи.

Меѓу нив има три лица кои починале, но нема нови смртни случаи од 2 мај, објави Гебрејесус.

„Ситуацијата останува стабилна. Патниците кои се разболеле ја добиваат потребната нега, додека останатите остануваат во карантин“, додаде Гебрејесус.

Во изминатите две недели, сите преостанати патници, членови на екипажот и медицински персонал го напуштија луксузниот брод MV Hondius, каде што избувна епидемијата.

Хантавирусите се вируси што ги пренесуваат глодари и кои можат да ги инфицираат луѓето и да предизвикаат болест. СЗО проценува дека секоја година има помеѓу 10.000 и 100.000 случаи на инфекција низ целиот свет, а сериозноста на болеста варира во зависност од сојот на вирусот.

 

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK