Средба на Пратеничката група за соработка со Италија со амбасадорот Палминтери


ambasador_it._1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Италија оствари средба со италијанскиот амбасадор, Н.Е. Паоло Палминтери во земјава.


На сребата покрај претседателот на Пратеничката група, Елми Азири, беа присутни и членовите: Благица Ласовска, Димитар Ковачевски и Мевмед Џафери.

Претседателот Азири изрази благодарност за иницијативата за оваа средба, истакнувајќи дека билатералните односи меѓу двете земји се традиционално добри и пријателски, а економската соработка го одржува долгодишниот тред – Италија во повеќедецениски континуитет е меѓу десетте најзначајни економски и трговски партнери на Северна Македонија.

На меѓупарламентарен план, беше истакнато дека повеќе од 2 децении се формираат пратенички групи за соработка со Италијанскиот парламент, а исто така и во Италијанскиот парламент е формирана мешовита група за пријателство со земјите од регионот. При што Азири ја исткана подготвеноста за поблиска соработка меѓу групите, како продолжение на севкупната билатерална соработка.

Во однос на процесот на нашата евроинтеграција, Азири посочи дека високо ја цениме безрезервната и пред сè, вокалната поддршка од Италија, што за нас претставува недвосмислена потврда на сите наши напори за да ја оствариме стратешката цел и желба на нашите граѓани – да бидеме дел од европското семејство на народи.

Притоа амбасадорот Палминтери посочи дека ова е важен момент за земјата, кога европските лидери се посветени на проширувањето на Унијата и овој момент треба да се искористи.

Соговорниците и амбасадорот Палминтери ја потенцираа огромната важност на нашата дијаспора во Италија, која е успешно интегрирана и добро етаблирана во италијанското општество, претставувајќи мост за унапредување на пријателството и соработката. Нашата држава очекува Италијанскиот парламент што поскоро да го ратификува Договорот за социјална сигурност, како би можеле нашите иселеници непречено да ги остваруваат своите пензиски и социјални права.

На крајот од средбата пристувните истакна дека Северна Македонија останува отворена и за натамошна заемна поддршка и соработка меѓу нашите постојани делегации во останатите меѓународни парламентарни собранија – ПС на Советот на Европа, ПС на OБСЕ, ИПУ и ПС на Медитеранот, како и развивање и унапредување и на други сегменти на меѓудржавна соработка – покрај економијата, исто така и во културата, образованието, туризмот, здравството и слично.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK