Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.
До крајот на оваа седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневнте часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 40 km/h). Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.