Пионерите на ФК Македонија Ѓорче Петров повторно шампиони на Македонија – генерацијата 2009 атакува и на двојна круна


fk-gjorce-petrov-1024x768
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пионерите на ФК Македонија Ѓорче Петров се нови шампиони на Македонија во генерацијата 2009, откако со вчерашните натпревари официјално заврши сезоната 2025/2026 во сите четири младински фудбалски лиги.

Младите фудбалери предводени од тренерот Тони Џангаровски успеаја да ја одбранат титулата и втора сезона по ред да се искачат на победничкиот пиедестал како најдобар тим во својата категорија.


Шампионскиот поход го започнаа уште на стартот од сезоната, во септември 2025 година, кога по првите кола се искачија на лидерската позиција. Пионерите на Македонија ЃП презимија како есенски шампиони, а доминацијата ја потврдија и во пролетниот дел од сезоната, завршувајќи на првото место на табелата.

Во текот на сезоната, младите „лавови“ освоија вкупно 77 бодови, постигнаа дури 115 голови, а примија само 25, со што убедливо ја потврдија својата надмоќ меѓу врсниците и заслужено ја освоија шампионската титула.

продолжете со читање на denesen.mk

фото – denesen.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK