(Видео) Хет-трик на Кејн, Баерн го освои Купот


14012124.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Баерн Минхен ја комплетираа двојната круна во Германија. Вечерва го освоија Купот, со победата над Штутгарт 3:0. БОва е прва дупла круна за Баерн по пауза од шест години. Апсолутен херој на победата, на Олимпискиот стадион во Берлин беше Хари Кејн.


Баерн Минхен го освои Купот на Германија 21-ви пат во историјата на клубот.

Првото полувреме, во кое играчите на Штутгарт беа подбри на теренот заврши без голови. Во првиот дел Баерн речиси и да не закани кон голот на противникот.

Во вториот дел на сцена стапи Хари Кејн, го постигна првиот гол во 55-та минута а точка на победата стави во 81-та минута. Сепак, тоа не беше сè.

Судијата одлучи да го продолжи натпреварот за неверојатни седум минути, а Баерн го искористи тоа максимално.

Баварците добија пенал во 92-та минута, а Кејн го комплетира хет-трикот, со што стави крај на индивидуално најдобрата сезона во кариерата.

На овој начин, Кејн стана единствениот странец во историјата на Купот на Германија кој постигнал двоцифрен број голови во една сезона, ова беше неговиот десетти гол.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK