„Ладна“ и оваа година ја организира наградната игра „Капачето на среќата“, која на учесниците им носи можност да освојат бројни вредни награди, вклучувајќи ја и ексклузивната главна парична награда од 300.000 денари. Наградната игра ќе трае до 21 јули 2026 година, додека големото извлекување на главните награди ќе се одржи на 22 јули 2026 година.
Учеството е едноставно: потребно е да купите „Ладна“ во пакување од 1,5 л, 1 л, 0,5 л или 0,33 л и да го испратите кодот од 8 карактери, кој се наоѓа под капачето, преку SMS на 141 221 или преку веб-страницата www.nagradnaigraladna.mk.
Секој учесник треба да го зачува капачето со испратениот код до завршувањето на наградната игра.
Во текот на наградната игра, секојдневно ќе се извлекуваат вкупно 63 Bluetooth слушалки Xiaomi Redmi Buds 6, во периодот од 27.05.2026 до 22.07.2026 година.
Добитниците на 9 електричните тротинети Xiaomi Mi Scooter 4 Pro ќе се извлекуваат на следните датуми: 27.05.2026, 03.06.2026, 10.06.2026, 17.06.2026, 24.06.2026, 01.07.2026, 08.07.2026, 15.07.2026 и 22.07.2026 година.
Големото финално извлекување ќе се одржи на 22.07.2026 година, кога покрај ексклузивната главна парична награда од 300.000 денари ќе бидат извлечени и тројца добитници на PlayStation 5, како и тројца добитници на iPhone 17.
Испраќајте кодови и бидете дел од „Капачето на среќата“ – наградна игра што може да ви донесе одлични и вредни награди. Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавувани на веб-страницата www.nagradnaigraladna.mk.

