ВМРО-ДПМНЕ: Монти Пајтон СДС – сме добиле финансиски средства од ЕУ за Реформската Агенда затоа што сме спровеле реформи, а велат дека не сме спровеле реформи


mickoski-filipche.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Толку е голем очајот во СДС да навистина веќе ништо не не изненадува,  реагира ВМРО-ДПМНЕ.


„Во соопштението на СДС се вели дека Србија не добила средства од ЕУ за Планот за раст, затоа што како што велат – не спровеле реформи.

Од друга страна пак, велат дека Македонија исто така не ги спроведува реформите, но се ослободија најмногу средства од цел Западен Балкан во висина од над 66 милиони евра.

Сега, СДС нека се договори – дали парите кои се ослободени од ЕУ за Македонија во делот на Реформската Агенда се поради спроведување на реформите или не спроведување на реформите?“, се вели во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK