Земјотрес од 5,6 степени ја потресе источна Турција: Жителите излегоа на улиците, евакуирани училишта


zemjotres-depositphotos_429158450_xl.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од 5,6 степени утрово ја погоди источна Турција, по што превентивно беа евакуирани училиштата, а жителите излегоа на улиците. Според првичните информации, епицентарот бил во округот Баталгази во покраината Малатија, на длабочина од седум километри. Засега нема извештаи за поголема штета или жртви, пренесува „Еј-би-си њуз“.


Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD) соопшти дека тлото се затресло точно во 9 часот по локално време.

Иако официјални извештаи за штета сè уште нема, телевизиските снимки прикажуваат сцени на претпазливост меѓу населението, вклучително евакуација на ученици и граѓани кои ги напуштаат своите домови и згради.

Земјотресите се честа појава во Турција бидејќи земјата се наоѓа на неколку големи раседни линии.

Во февруари 2023 година разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе повеќе од 53.000 животи во Турција и дополнителни 6.000 во соседна Сирија. Во тој земјотрес беа уништени или тешко оштетени стотици илјади згради во единаесет покраини на југот и југоистокот на земјата.

Фото: Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK