СКОПЈЕ, мај 2026 – Изминатиот викенд (16 и 17 мај), Скопје и модерниот стрелачки комплекс „Камник“ беа центарот на спортското стрелаштво во регионот. Јубилејниот, 20-ти Интернационален отворен турнир во спортско стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2026 донесе импресивен натпреварувачки дух, врвни резултати и рекордна масовност, уште еднаш потврдувајќи го својот статус на еден од најпрестижните и најстабилните спортски настани на Балканот.

Ова јубилејно издание беше многу повеќе од обичен турнир – тоа беше прослава на дваесетгодишниот континуитет, квалитет и традиција, кои две децении успешно ги обединуваат стрелците од Македонија, регионот и пошироко. Со безмалку 300 натпреварувачи, турнирот помина во беспрекорна организација, максимална безбедност и фер-плеј борба во сите дисциплини.
Јордан Тасевски – Човекот кој го издигна македонското стрелаштво на европско ниво
Зад две децении успеси, организациски предизвици и меѓународен углед на турнирот, стои едно клучна име – Претседателот на Македонската Спортска Стрелачка Федерација (МССФ), Јордан Тасевски. Под негово долгогодишно раководство и непоколеблива визија, МССФ успеа да го трансформира Grand Prix SKOPJE од локален настан во сериозен бренд на меѓународната спортска мапа.
Благодарение на неговиот личен ангажман, ентузијазам и деноноќна работа, стрелиштето „Камник“ денес е препознаено како уникатен комплекс со специфични капацитети кои овозможуваат организација на натпревари во повеќе дисциплини истовремено. Тоа претставува уникатен предизвик за сите меѓународни стрелци и атракција која секоја година привлекува сè поголем број елитни спортисти. Неговото залагање за едукација на судиите, поддршка на младите категории и инвестирање во инфраструктурата е темелот на кој се градеше овој 20-годишен успех.

„Овој јубилеј е круна на еден долгогодишен заеднички сон. Кога започнувавме пред дваесет години, знаевме дека македонското спортско стрелаштво има огромен потенцијал, а денес со гордост можеме да кажеме дека создадовме традиција која нè надминува сите нас. Им благодарам на сите кои веруваа во оваа визија,“ истакнуваат од раководството на МССФ, потенцирајќи го огромниот придонес на претседателот Тасевски.
Свечено отворање и признанија: Златна плакета за „Опсервер“ за особен придонес
Свеченото отворање на турнирот, кое предизвика огромен интерес кај јавноста, помина во празнична атмосфера. На присутните натпреварувачи и гости со пригодни говори им се обратија Претседателот на МССФ, Јордан Тасевски, поранешниот Генерал и актуелен пратеник во Собранието на Р. Македонија, г-дин Павле Арсоски, како и помошник-министерот за граѓански работи во МВР, г-дин Јован Алтанџиев. Честа официјално да го прогласи за отворен ова престижно 20-то издание ја имаше градоначалникот на Општина Гази Баба, г-дин Бобан Стефковски.

По повод големиот јубилеј – 20 години континуирано одржување на Grand Prix SKOPJE, беа доделени златни плакети на институциите и поединците кои низ годините беа силен ветар во грбот на федерацијата.
Посебно признание и Златна плакета за особен придонес и поддршка во развојот на македонското спортско стрелаштво му беше доделена и на нашиот медиум „ОПСЕРВЕР“. Ова признание, потпишано од претседателот на МССФ Јордан Тасевски, претставува огромна чест и потврда за долгогодишниот ангажман на „Опсервер“ во професионалното и континуирано информирање за успесите на македонските стрелци.

Македонската Спортска Стрелачка Федерација упатува посебна и јавна благодарност и до:
-
Министерството за спорт
-
Општина Гази Баба
-
Армијата на Република Македонија
-
Министерството за внатрешни работи
-
Како и до сите спонзори, докажани пријатели, медиуми и поддржувачи без чија несебична помош не би било возможно успешното менаџирање на овој спортски гигант во изминатите две децении.

Безбедност, професионализам и поглед кон иднината
За безбедната, технички беспрекорна и професионална реализација на сите натпреварувачки денови и оваа година се погрижи искусниот тим на МССФ – составен од докажани судии, поранешни и активни стрелци, како и истакнати спортски работници. Нивната стручност е уште еден доказ дека федерацијата поседува сериозен човечки капитал подготвен за уште поголеми меѓународни предизвици во иднина.
Јубилејниот 20-ти Grand Prix SKOPJE 2026 се затвора со порака дека спортското стрелаштво во Македонија има светла иднина, стабилни темели и реноме кое дополнително ќе се развива.
-
Официјални резултати: Сите постигнати резултати, пласмани и статистики од изминатиот викенд можете детално да ги погледнете и преземете тука:
-
Во прилог на ова соопштение ви доставуваме и официјални фотографии од доделувањето на плакетите, како и од победничката атмосфера од јубилејниот Grand Prix SKOPJE 2026.