(Видео) Алекс Маркез има фрактура на седмиот цервикален пршлен, закажана е операцја


13989905.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, претрпел повреди кои ќе бараат итна медицинска интервенција, објави неговиот тим Гресини Дукати во официјално обраќање до јавноста.


Според првичните информации, на Алекс му е дијагностицирана мала фрактура на седмиот цервикален пршлен (C7), додека подетални проценки на неговата здравствена состојба ќе бидат извршени во текот на следната недела.

Дополнително, потврдена е фрактура на десната клучна коска, која ќе биде санирана со операција и стабилизирана со метална плоча.

Шпанскиот мотоциклист ќе биде опериран вечерва во Општата болница во Каталонија, каде што процедурата ќе ја изврши специјализиран медицински тим.

Гресини изјави дека сите во тимот му даваат целосна поддршка на својот возач со желби за брзо и успешно закрепнување.

foto/epa

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK