(Видео) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет и го отвора патот кон ЕУ


bo-kuzeska-sdsm-io.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролката на СДСМ и членка на ИО на оваа партија, Богданка Кузеска вели дека Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ продолжуваат да лажат дека вметнувањето на малцинствата во Уставот го загрозувало македонскиот идентитет.


Ова, според неа, е чиста манипулација.

Вистината е спротивна, додава Кузеска.

„Вклучувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет, а не го слабее.

Кога сите граѓани, без разлика на етничка припадност, се дефинирани и заштитени со највисокиот правен акт на државата, тоа ја зголемува кохезијата на општеството и ја зацврстува македонската државност.

На пример нашите сограѓани Србите, кои се значително повеќе во Македонија од Бугарите и Хрватите, според последниот попис, исто така не претставуваат никаков проблем за идентитетот.

Прашува, зошто ВМРО-ОКГ не се плаши од нив, а се плаши од Бугарите, на кои според пописот се само 3.504?

„Одговорот е јасен: не се во прашање малцинствата, туку намерната блокада на ЕУ интеграциите.
Ако се внесат Бугарите, Хрватите или други малцинства во Уставот, како тоа го слабее македонскиот идентитет?
Напротив – го зајакнува.
Зашто сите тие граѓани се македонски државјани, а малцинскиот статус е само дополнителна заштита на нивните колективни права.
Македонскиот народ останува конститутивен и доминантен народ во својата држава“.

За Кузеска, отворањето на вратата кон Европската Унија истовремено значи отворање на вратата за Европското јавно обвинителство. А токму тоа Мицкоски и неговата криминална група најмногу го стравуваат.

„Нема повеќе наместени тендери, а следи и одговорност пред институциите на правдата.
Затоа и ја блокираат уставната измена. Сè останато – „загрозен идентитет“, „бугарска опасност“ и слично – е чиста лага и изговор за да ја заштитат својата криминална мрежа, неказнивоста и можноста за продолжен грабеж на државата. Мицкоски не се бори за македонскиот идентитет. Тој се бори за својата безбедност и безбедноста на својата криминална група“.

СДСМ, како што рече, јасно порачува: Силен македонски идентитет во силна европска Македонија.
„Правда, а не заштита на криминалците. Европска Македонија или криминална изолација – изборот е јасен“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK