Традиција, успех и вредности: ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци го прослави патрониот празник


687543320_26697837526545795_2377445131064507481_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со богата програма исполнета со музика, театар и модна ревија, Основното општинско училиште „Ристо Шуклев“ од Негорци свечено го одбележа својот патрон празник, потврдувајќи дека е заедница која негува талент и ги поврзува генерациите преку заеднички вредности. На настанот присуствуваа бројни ученици, наставници, родители, претставници од локалната самоуправа и пријатели, кои имаа можност да проследат емотивен видео приказ за историјата и секојдневието на Училиштето. Видеото, изработено со креативен придонес на поранешната ученичка Нела Николова, содржеше и свечено обраќање на директорката на Училиштето, Елена Крстевска, која истакна:

– Денешниот ден е ден кога не славиме само празник, туку име, традиција, успех и вредности што ги градиме со генерации. Со гордост ги истакнуваме нашите ученици, нивниот труд и нивната љубопитност да учат и да напредуваат. Тие се нашата најголема вредност и инспирација. Голема благодарност до наставниците кои со посветеност го обликуваат секој ученик, како и до родителите, нашите партнери во овој процес. ООУ „Ристо Шуклев“ не е само училиште, тоа е дом на знаењето и место каде се создаваат идни генерации. Среќен патронен празник!


Празничната атмосфера беше надополнета со настапи во живо, каде хорот и оркестарот под менторство на Момчило Делев внесоа силни емоции со својата музичка изведба. Уметничкиот дел продолжи со драмско-рецитаторската секција која ја изведе култната „Бегалка“, под менторство и режија на Жаклина Линкова, пренесувајќи моќни пораки до присутните.

Креативноста на учениците дојде до израз и преку модната ревија, подготвена под менторство на Анамарија К’лчева и Елизабета Ташевска, каде младите таленти ја покажаа својата уникатност.

Секој настап и секој аплауз од публиката беа доказ за огромниот труд и заедништвото на целото училиште, со порака дека успешните приказни на ООУ „Ристо Шуклев“ продолжуваат да се пишуваат преку успесите на неговите сегашни и поранешни ученици.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK