Кошаркарите на Оклахома ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 131:108 во третиот натпревар од второто коло од НБА плејофот.
Тандер се на прагот на пласман во финалната серија од плејофот на Западната конференција, водат со 3-0 и со овој триумф ја продолжија својата серија без пораз на 7-0 во овогодинешниот плејоф.
Аџеј Мичел ја предводеше Оклахома со рекордни во кариерата 24 поени и 10 асистенции. По него следеше Шеј Гилџус-Александер, кој додаде 23 поени и 9 асистенции.
На страната на Лејкерс, Леброн Џејмс имаше 19 поени, 8 асистенции, 6 скока и три изгубени топки.
Остин Ривс постигна 17 поени и 9 асистенции, додека Руи Хачимура додаде 21 поен.
Сепак, слабиот шут на главните играчи на Лејкерси (38/81 вкупно шут од поле, 14/30 за три, 16 изгубени топки) и дефанзивната доминација на Тандер не му дозволија на тимот на Џеј Џеј Редик да остане во игра.
Оклахома Сити сега води во серијата со 3-0, на Лејкерси им се заканува „метла“, а четвртиот натпревар ќе се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник во Лос Анџелес.
Foto/ EPA