Општина Струмица – пример за успешно функционирање на Локалниот совет за превенција


689017982_1416847693799897_5928519775540999696_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претставници на Општина Струмица, заедно со СВР Струмица, учествуваа на регионална работилница организирана од ОБСЕ на тема: „Вовед во воспоставувањето и операционализирањето на Локалните совети за превенција (ЛСП)“.

На настанот свои излагања имаа Ѓорги Аризанов, во својство на секретар на ЛСП Струмица, и Никола Крстев, командир на ПС ОН при СВР Струмица.


Презентацијата ја проследија претставници од општините Кисела Вода, Студеничани, Чашка и Чучер Сандево, кои се во процес на формирање на Локален совет за превенција.

Со својата активност и воспоставениот модел на функционирање на ЛСП, Струмица се истакнува како пример и лидер во активирањето и одржувањето на оваа важна алатка за локална превенција и безбедност.

The post Општина Струмица – пример за успешно функционирање на Локалниот совет за превенција appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK