Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека :
· на ден 07.05.2026 година (четврток), поради дефект во шахта Ф 6/4“ и монтажа на водомер за паркови. на улица Митрополит Теодосиј Гологанов спротив Католичката Црква. Со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
· на ден 08.05.2026 година (петок), поради изведување технички зафати во трафостаница во ПС Бутел од страна на ЕВН, кои ќе започнат во 05:00 часот и ќе траат до нивното завршување, можно е делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара, општина Бутел, да останат без водоснабдување или да имаат намален притисок на вода.