Милосављев и Гидсел го однесоа Берлин на завршниот турнир


13956157.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ракометарите на Берлин, во драматичниот реванш го победија Веспрем и се пласираа на завршниот турнир. Во регуларниот дел Берлин победи со 31:30, по изведувањето пенали германскиот тим победи 4:3.


Берлин фуриозно влезе во натпреварот, блескаше Милосављев на голот и му освоможи на тимот да оствари оредбност од три гола, а во финишот на првиот дел разликата беше пест гола. Сепак Веспрем експресно се врати со серија 4:0.

Во вториот дел се водеше голема борба. Најчесто Берлин имаше гол предност. Го имаа домаќините и последниот наад на натпреварот, меѓутоа Гидсел ја загуби топката, а Мартиновиќ во контра беше непрецизен.

Во пенал серијата трагичари кај Веспрем беа француските репрезентативци, Деска ја погоди гредата,а ударот на Ремили го одбрани Милосављев.

Берлин трет пат во историјата ќе игра на завршниот турнир, додека Веспрем втора сезона по ред не успеа да го мине четвртфиналето.

Матијас Гидсел постигна 11 гола од 14 обиди, па сега со 144 погодоци е најдобар стрелец во Лигата на шампионите во една сезона. Тој го сруши рекордот на сонародникот Микел Хансен од 142 гола.

Тим Фрајхефер постигна осум гола, но само еден од игра. Милосављев имаше 12 одбрани.

Ахмед Хешам постигна осум гола за Веспрем, седум беа дело на Иго Деска (5/6 од седум метри), Јанис Лен ја погоди метата шест пати.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK