(Видео) Голем пожар во Дубаи: градот беше покриен со огромен облак од црн чад


dubai-depositphotos_134923422_xl.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голем пожар избувна утрово на градилиште на облакодер во близина на хотелот Ал Хабтур Гранд во луксузниот кварт Дубаи Марина, објавија локалните медиуми.


Густ црн чад се надвиснуваше над тој дел од градот околу 7:30 часот по локално време, а драматични снимки набрзо почнаа да се шират на социјалните мрежи.

Оперативниот центар на Цивилната заштита на Дубаи доби пријава за пожарот во 7:06 часот наутро, по што противпожарните екипи од станицата Ал Марса веднаш беа испратени на терен.

Според информациите од надлежните служби, во зградата, која сè уште е во изградба, избувна пожар со среден интензитет.

Пожарникарите брзо реагираа за да спречат ширење на пожарот кон околните згради и објекти во густо населениот дел од Дубаи Марина.

За среќа, според досегашните информации, нема повредени во инцидентот.

На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од огромен облак од црн чад што се издига над градилиштето, додека граѓаните и туристите ја гледаа интервенцијата на пожарникарите од блиските згради.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK