(Видео) Манасиевски: Филипче е спремен да ги продолжи предавствата на Заев за да ја задржи фотелјата на Бихаќка


manasievski-06.05.2026.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Венко Филипче верно го следи Зоран Заев и неговите политики. Венко Филипче е третиот во низата по Зоран Заев и Димитар Ковачевски, кој е спремен да ги продолжи предавничките политики уште веднаш. Филипче ќе направи се за да ја задржи фотелјата на Бихаќка, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.


Тој кажа дека пред два дена, на 123 годишнината од смртта на Гоце Делчев, од пред неговиот гроб, Венко Филипче изјавил дека Бугарија не го негирала идентитетот на Македонија.

„Тоа е истата онаа Бугарија каде официјални лица говореа дека македонскиот јазик е создаден во 1945 година и е изменета верзија на бугарскиот јазик, додека пак Гоце Делчев е бугарски револуционер. Оттука, јасно е дека на Филипче и на СДС не им се важни македонските национални интереси, македонскиот идентитет, ниту пак темелите на македонската државност. Тие стојат на ставот дека доколку би била нивна одлуката, веднаш би ги потпишале уставните измени, без никаква гаранција за Македонија на евроинтегративниот пат. Да потсетиме, погрешните политики на СДС како Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, Францускиот предлог, се целосна вина на СДС за што сега Македонија се наоѓа во позиција да биде уценувана и блокирана од Бугарија на патот кон ЕУ“, рече Манасиевски.

Со вакви изјави, додаде тој, Филипче не само што се потценува самиот, туку ја потценува и свеста на граѓаните за сериозноста на идентитетските прашања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK