(Видео) Страшна несреќа во Хрватска: Камион со македонски таблички удрил во далновод и се запалил, возачот починал


screenshot-2026-05-06-101531.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Камион се запали на автопат во Хрватска, во близина на Славонски Брод, а според локалните медиуми возачот бил македонски државјанин.


Ввчера во 14:18 часот, полицијата добила пријава дека камион се запалил на автопатот А3, во близина на Среданац во правец на Брегана, и дека во возилото имало едно лице. Несреќата се случила кога камионот ја пробил средната ограда и удрил во далновод.

Како што неофицијално дознава локалниот портал SB Online, возачот бил заробен во возилото и починал, а неофицијално станува збор постар државјанин на Македонија. Во камионот немало никој освен возачот.

На местото на несреќата биле испратени сите служби за итни случаи, вклучувајќи ги и пожарникарите, кои имале тешкотии да стигнат до местото на несреќата поради настанатиот сообраќаен метеж. „Фејсбук“ страницата „Пожарникари – 193“ објави видео од нивното возење по автопатот, на кое се гледа дека другите возачи не создале коридор за итни случаи.

„Култура на возење ГОЛЕМА 0“, се вели во описот на видеото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK