Оклахома и Детроит со победи ги отвирја полуфиналните серии


69fab7bb345d8.image_.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Оклахома и Детроит, лидерите во Западната и Источната конференција во НБА лигата, славеа во првите натпревари, во втората плејоф рунда, против ЛА Лакерс, односно Килвленд.


Актуелните шампиони, Оклајома, лесно ги победија Лејкерси со 108:90. Натпреварот го обележа повредата на Џаред Вандербилт.

Чет Холмгрен блескаше со 24 поени и 12 скока, додека Шеј Гилџес-Александар и Еј-Џеј Мичел додадоа по 18 поени за Тандер.

Актуелните шампиони го подобрија резултатот на 5-0 во плејофот, и покрај тоа што трет натпревар по ред беа без Ол-старот од 2025 година, Џејлен Вилијамс, кој има повреда на тетивата.

Лејкерси се мачеа во офанзивата без водечкиот стрелец во лигата, Лука Дончиќ, кој е надвор од игра еден месец поради повреда на тетивата.

Леброн Џејмс постигна 27 поени, додека Руи Хачимура додаде 18 за Лејкерси.

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Кливленд Кавалирс со 111:101.

Кливлен се вратија по негативата од 16 поени, изедначија на 93:93 во последната четвртина, но немаа сили за целосен пресврт.

Кејд Канингем го предводеше Детроит до победата со 23 поени, три скока и седум асистенции, а по него следуваше Тобијас Харис со 20 поени и осум скока.

Двоцифрен број на поени имаше и Данкан Робинсон со 19, Денис Џенкинс со 12 и Џејлен Дурен со 11 поени и 12 скока.

Кај Кавс се истакна Донован Мичел со 23 поени, а потоа следуваше Џејмс Харден со 22 поени, осум скока и седум асистенции, додека Макс Струс имаше 19 поени со пет скока.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK