Арсенал и Атлетико Мадрид ќе се соочат во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите вечерва, во Лондон, по што ќе биде познат првиот финалист во елитното натпреварување.
Во првиот натпревар во Мадрид, беа постигнати два гола, двата од пенал – Виктор Ѓокерес му донесе водство на Арсенал кон крајот на првото полувреме, но Хулијан Алварез израмни на почетокот на второто полувреме.
Екипата на Диего Симеоне изгледаше поопасно како што одминуваше натпреварот, потврдувајќи ја својата напаѓачка моќ – дури 35 постигнати гола оваа сезона во Лигата на шампионите, десет постигна Алварез.
Екипата на Микел Артета е единствената непоразена во овогодинешното издание на натпреварувањето (10 победи, три нерешени) и има најдобра одбрана – само шест примени гола.
Дополнителна предност е убедливата победа од 4:0 против Атлетико, на почетокот на сезоната, кога Џокерес беше двоен стрелец.
Од друга страна, Атлетико не остана без постигнат гол во дури 37 последователни натпревари на УЕФА, што јасно покажува континуитет во нападот. Сепак, резултатот против англиските клубови не е во нивна корист – само две победи во последните 13 средби.
И двата клуба ја бркаат својата прва титула во Лигата на шампионите.
Арсенал го бара своето прво финале од сезоната 2005/06, додека Атлетико бара уште една шанса по болните порази во финалните натпревари во 2014 и 2016 година.
Арсенал и Атлетико се сретнаа во оваа фаза во сезоната 2017/2018, во Лига Европа. Тогаш шпанскиот тим беше поуспешен со вкупен резултат 2:1., а подоцна ја освои титулата.
Арсенал е во одличен моментум по победата над Фулам (3:0).
Пред реваншот, доби дополнителна мотивација бидејќи благодарение на ремито на Сити со Евертон (3:3), со што ја врати контролата во трката за титулата во Премиер лигата.
Атлетико победи против Валенсија (2:0), иако Симеоне ги одмори клучните играчи.
Сè укажува на спектакл во Лондон – Арсенал има цврстина и континуитет, на страната на Атлетико се искуството и напаѓачка моќ.
Влогот е огромен: пласман во финалето на Лигата на шампионите – Будимпешта, 30 мај, стадион „Ференц Пушкаш“.
Foto/ EPA