Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави почеток на доградбата на ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром, оценувајќи дека станува збор за уште еден проект насочен кон подобрување на условите за образование.
„Уште еден ден, уште еден нов проект, уште една нова доградба на училиште. Тоа е практично нашата инспирација овие речиси две години откако сме избрани како влада – што повеќе проекти, што повеќе додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните“, изјави Мицкоски.
Тој им се заблагодари на градоначалникот на Аеродром, на Советот на општината, на Министерството за образование и наука, како и на сите вклучени во реализацијата на проектот.
Мицкоски истакна дека со ваквите инвестиции децата добиваат подобри услови за образование и стекнување знаење.
„Тие се нашата иднина и тие се тие коишто утре треба да ја водат оваа наша заедничка Македонија“, рече премиерот.
Тој посака проектот што побргу да биде завршен.