Челзи продолжи да тоне во Премиер лигата, откако го забележа и шестиот последовен пораз. За разлика од претходните пет, „сините“ , барем постигнаа гол, во поразот на домашен терен од Нотингем Форест (1:3).
Екипата на Нотингем Форест го отвори натпреварот фуриозно. Веќе во втората минута, мрежата ја затресе Таиво Авонији, кој со удар со глава им донесе предност на „Шумарите“. Истиот играч избори пенал, од кој во 15-та минута, Игор Жежус, погоди за 0:2.
Во финишот на првиот дел се случи вистинска драма на „Стенфорд Бриџ“. Дебитантот во синиот дрес, 18-годишникот Џеси Дери, доживеа сериозна повреда на главата, по сударот со дефанзивецот на Нотингем Форест, Зак Абот. По силниот контакт со главите, тој остана неподвижен на тревата, што предизвика голема загриженост на стадионот.
Медицинските екипи реагираа брзо и му пружија помош речиси десет минути. Играчот на крајот беше изнесен од теренот.
Penal para el Chelsea, pero el jugador Jesse Derry quedó muy afectado tras el golpe, el partido está paralizado.pic.twitter.com/M9FpIuQKF6
— MrOFF (@MrOFFSIDER) May 4, 2026
Инцидентот му претходеше на досудениот пенал за Челзи, но ударот на Кол Палмер го одбрани голманот Селс.
Конечниот удар на Челзи му го зададе играчот на натпреварот, Авонији со својот втор гол во 52-та минута.
Почсениот гол за Челзи, беше вистински ремек дело на Жоао Педро. Бразилецот со ножички погоди во 93-та минута.
Тимот на португалскиот тренер Витор Переира, кој е четврти менаџер на Нотингем оваа сезона, е се поблиску до математички опстанок во елитните редови на англискиот фудбал и може мирно да се насочи кон европските обврски. Пред „шумарите“ е реваншот од полуфиналето на Лигата на Европа против Астон Вила, а натпреварот во Бирмингем е закажан за четврток во 21 часот.
Челзи, кој загуби шест натпревари по ред за прв пат од 1993 година, се соочува со тешко гостување кај Ливерпул во сабота, кое е закажано за 13:30 часот. Потоа „сините“ ќе го играат финалето на ФА Купот против Манчестер Сити на 16 мај во 16 часот.
Foto/ EPA