Тошковски – Варнс: Партнерството со САД значајно за унапредување на безбедносните капацитети и стабилноста во регионот


1-21.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со вршителот на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.


На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно зацврстување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и продолжување на интензивната соработка во клучните области од заеднички интерес.

Соговорниците разговараа за продлабочување на соработката во областа на безбедноста, владеењето на правото и справувањето со современите безбедносни предизвици, со посебен осврт на резултатите од неодамнешната работна посета на Соединетите Американски Држави и стратешкиот дијалог што се одржа во Вашингтон.

Беше констатирано дека билатералната соработка меѓу двете земји се одвива на високо ниво, при што партнерството со Соединетите Американски Држави претставува значаен придонес за унапредување на безбедносните капацитети и стабилноста во регионот.

На средбата беше изразена заедничка подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката и реализација на заеднички иницијативи во насока на јакнење на институционалните капацитети и регионалната безбедност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK