Филипче: Мицкоски две години ништо не прави, сега зборува за реформи, а уставни имени ќе направи ли?


filipche-sdsm.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Христијан Мицкоски најави дека до јуни ќе сме направиле некаков прогрес, каков прогрес ќе направиме? Човекот кој што две години ништо не направи, сега ќе ги спровел сите реформи до крајот на јуни, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Во одговорот Филипче дека посочи дека клучно прашање останува дали власта ќе ги реализира уставните измени неопходни за напредок и приближување кон европскиот пат.


„Еве најави Христијан Мицкоски дека до јуни ќе сме направиле некаков прогрес. Каков прогрес ќе направиме? Човекот кој што две години ништо не направи, сега ќе ги спровел сите реформи до крајот на јуни. Ќе ги направи ли уставните измени? Го прашавте ги дали ќе ги направи уставните измени, со цел ние на вистина да бидеме, како што тој кажува рамо до рамо, со Црна Гора поради тоа што јасно е што треба да се направи“, рече Филипче.

Тој додаде дека патот за напредок е јасен и дека уставните измени се клучни за продолжување на евроинтеграцискиот процес на државата.

„Ние имаме една работа и се знае кој е патот напред и што треба да се направи со цел вистински да започнат реформите со цел вистински практично да продолжи патот кон евроинтеграции. А тоа се уставните измени. Со уставните измени, со кои што ќе се стават во Уставот, Бугарите, Хрватите и т.н, ама буквално ништо не е загрозено. Лага е на ВМРО-ДПМНЕ, на Христијан Мицкоски, тоа што го кажува“, рече Филипче.

Притоа Филипче укажа дека власта нема вистинска намера за напредок кон Европската унија, туку дека фокусот е ставен на други цели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK