Финскиот премиер му порача на Зеленски: Ја поддржуваме Украина, но не и нарушување на нашиот воздушен простор


Depositphotos_665688178_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Финскиот премиер Петери Орпо изјави дека во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски јасно порачал дека Финска ја поддржува Украина, но дека е неприфатливо дронови да навлегуваат во финскиот воздушен простор.


Изјавата следува откако два неидентификувани дрона накратко влегле во воздушниот простор на Финска во близина на руската граница, во момент кога Украина наводно изведувала напад врз Ленинградската област.

Финските власти сè уште не го потврдиле потеклото на дроновите, но Орпо рече дека украинската страна ветила поголема претпазливост за да се избегнат слични инциденти.

Финска, која има 1.340 километри граница со Русија, оваа пролет пријавила веќе четири нарушувања на воздушниот простор со дронови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK