Самопрогласени „синдикални лидери“ шират невистини, лаги и манипулации за изградбата на автопатот Охрид – Кичево, објави на својот фејсбук профил заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
„Ќе чинел милијарда евра, никогаш немало да се заврши и слични небулози. Без ни еден факт! Нула!!!
Ама да се каже нешто…
Нека не го замајуваат народот. За нивна жал, а за среќа на народот, автопатот ќе се заврши во предвидениот рок! Точно е дека Владата на СДСМ и ДУИ, по која очигледно жалат, камче не стави 7 години, ама точно е дека оваа Влада на Христијан Мицкоски работи деноноќно.
Потврда за тоа е што до сега бев на работа во Министерство за транспорт, во недела во 21 часот. Последен состанок беше за автопатот Охрид – Кичево. Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме“, објави вицепремиерот Николоски.