Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во засилена акциска контрола на полицијата, во период од осум часа, санкционирани се 113 возачи на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли.


Најмногу – 45 санкции – биле изречени за возење без заштитна кацига, додека 17 лица управувале велосипед со помошен мотор без возачка потврда.

Дополнително, четворица возачи биле санкционирани за несоодветна категорија, а три мотоцикли биле нерегистрирани.

За време на контролата, еден мотоциклист бил приведен поради безобѕирно управување со возило, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK